Вести

Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово

Во Куманово мирно заврши петтиот граѓански марш во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ против промена на Уставот на Македонија, заштита на името и унитарноста на државата.

Граѓаните на Куманово се собраа кај пазарот на булеварот „Октомвриска револуција“ и продолжија да се движат по улиците низ централното градско подрачје. Пеејќи патриотски песни, граѓаните порачаа дека нема да дозволат двојазичност на целата територија на државата и ги повикаа и останатите кумановци да им се придружат.

Маршот, како и претходните денови, заврши пред плоштадот кај Центарот за култура, каде што се обрати Јордан Пачков, кој порача дека името Македонија не смее да се менува. Нагласи дека никој не смее да се меша со туѓи платформи во Македонија.

– Повторно ни се случи народ. Тој македонски народ ќе застане на браникот на државата. Македонија останува зашто верувам во македонскиот народ, а сите оние кои искрено ја сакаат нека ни се придружат, рече Пачков.

Унитарноста се зачувува, нагласи, кога се нема да се воведе двојазичност, кога никој нема да го менува Уставот.

– Не можеме да дозволиме некој да ни го менува знамето, химната. Странски платформи во странство, овде треба македонска платформа, а тоа се нејзините граѓани, потенцира Пачков.

image-0-02-05-0c43a258dc3143292533b32a0ff07c2143b193ddebb0accd8ca3f594a75d814b-V

image-0-02-05-59a107d2e3636281a3d816a6bfc195fc97ad86f9bf74ce144e87d550f23f10a0-V

image-0-02-05-93e0758934a95b94a1306e5a3e90e93bd0639574cd3ba3f2d86a15a76069c742-V