вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 89
home Вести

Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од четири до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната до 10 степени.

Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд и снег и со опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.