Вести

Продолжуваат владините вработувања за лажните граѓански активисти: Студентски пленум и „Цивил“ со нов доказ дека одработуваа за СДСМ

Нови вработувања во Влада на т.н. невладини граѓански активисти, како што себеси се нарекуваа платениците на Сорос додека одработуваа за СДСМ.

Марија Теговска од „Цивил“ е последното подновување во редовите на Министерството за информатичко општество и администрација, каде ќе биде портпарол на ресорот кој го води Дамјан Манчевски.

Таа не е прв „цивилаш“ кој влегува во делот за односи со јавност во влада. Пред неа истото во министерството за култура го стори Петрит Сараќини, кој долги години ја убедуваше јавноста дека е независен граѓански активист.

Потврда дека меѓу предводниците на „Студентски пленум“ имаше навистина партиска позадина кај одредени лица е и ангажманот на Владимир Делов, еден од предводниците на студентите, како што вели „Фокус“, како портпарол во ресорот на Рената Дескоска, министерката за образование и наука.

Вработувањето на Делов е уште еден доказ на тврдењата дека огромен дел од незадоволните студенти беа изманипулирани и злоупотребени во политичката агенда на СДСМ.