Вести

Продолжуваат инвестициите во модернизација на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје. Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитетот во насока на пресретнување на потребите на новите корисници.

Од компанијата соопштуваат дека во рамките на овие активности започнува ревитализација на главниот топловод на потегот позади Народната банка на Република Македонија до трговскиот центар Веро – Џамбо во општината Центар.

-Истовремено, почнувајќи од утре (19.05.2017) попладне и во текот на викендот ќе се преземат и опертивни активности на потегот на булеварот Кузман Јосифовски – Питу. Заради реализацијата на овие инвестиции сообраќајот на овој потег во градот ќе биде под изменет режим, за што Секторот за сообраќај на Град Скопје издаде соодветна дозвола. Реализацијата на овие инвестиции се од огромно значање за потрошувачите на општините Центар и Карпош, особено корисниците од населбите, Центар, Капиштец, Козле, Водно и Карпош, бидејќи со модернизација на мрежата ќе добијат сигурна и навремена испорака на топлинска енергија, велат од БЕГ.

Истовремено преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикаснсост на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина.