вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Притвор од 30 дена уште за четири лица од настаните на 27 април во Собранието

Притвор од 30 дена уште за четири лица од настаните на 27 април во Собранието

Триесетдневен притвор судија на претходна постапка им определи и на останатите четири лица, кои се недостапни на органите за прогон, а учествуваа во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.

– Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ, се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, поради постоење на причините предвидени во ЗКП, се наведува во денешното соопштение од судот.

Примерок од решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој ја води постапката.