Вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остро се спротиставија на нерегуларностите за Законот за јазици, Џафери ја прекина седницата

Собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина седницата на која што требаше да се разговара за Законот за јазиците откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се спротиставија на низата на прекршени процедури околу законот.

 

Како што изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Законот за јазици е крајно неустевен и против Рамковсниот договор, но исто така и прекршен е Деловникот во неколку наврати пред се во комисиската расправа односно свесно поставување на Законот во комисија која што не е надлежна да го разгледува.

Откако во текот на денот со неколку паузи и процедурални забелешки пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се спротиставија на ова штетно водење на процедурата од страна на Талат Џафери, тој ја прекина седницата.