Вести

Потресно сведоштво на полицаецот за инцидентот кој се случил пред неговиот дом за време на прославата на СДСМ во Свети Николе

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека полициски службеник, кој не бил работно ангажиран, ноќта по завршување на изборниот ден го нарушил јавниот ред и мир и нападнал лица кои ја славеле победата на кандидатот на СДСМ за Свети Николе. Сепак, полицискиот службеник вчера попладнето во емисијата „Бумбар“ на ТВ Нова го кажа своето потресно сведоштво за целата ситуација, истакнувајќи дека околу 100 лица скандирале пред неговиот дом, му се заканувале и го навредувале. Полицискиот службеник, кој вели дека има над 30 години работен стаж во МВР, посочува дека бил влечен, малтретиран и тепан од страна на лицата за што има и сведоци.

 

Полицаецот додава и дека неговиот автомобил е уништен, а со камења и други тврди предмети било фрлано кон неговиот дом. Сведоштвото, кое е уште една потврда за манипулациите кои се обидува да ги направи МВР под контрола на Оливер Спасовски, може да го погледнете во продолжение.