Вести

Поранешни затвореници со значки и возила на „Алфа“ единици вршеле терор и се заканувале на гласачи на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешен затвореник и неформален шеф на кампања на кандидатот на СДСМ за општина Петровец, се возел со возило на единица „Алфи“ во Катланово и вршел претрес на возила на симпатизери и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ според списоците кои СДСМ ги доби од т.н. реформатори на партијата.

Поранешниот затвореник кој се вози и претставува како „Алфа“, и им се заканува и ги тормози граѓаните кои СДСМ процениле дека треба да се деморализираат и уплашат за да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, е само еден од стотиците вакви примери низ целата држава.
Се повеќе и повеќе граѓани сведочат дека многу поранешни и сегашни затвореници им се јавувале по телефони за да ги заплашат и обесхрабрат да работат на терен за ВМРО-ДПМНЕ и да не гласаат за партијата.
Сето ова резултираше со страв кај голем дел од населението кое традиционално гласа за ВМРО-ДПМНЕ и на 15-ти октомври сметајќи дека партијата е пред сигурна победа, реши да не влегува во конфликт со криминалците поддржани од власта на СДСМ и остана дома.
Токму поради изборниот резултат кој е производ на безбројни притисоци, закани и поткуп, се очекува масовно излегување на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг и освојување на победата во сите општини во кои има втор круг на гласање.