вторник, 21. август 2018. Вести денес: 30
home Вести

Пораката „Македонија е грчка“ се вееше додека Османи беше на средба во грчкото МНР

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, демонстрантите подигнаа пано на кое пишуваше „Македонија е грчка“, извикуваа слогани „Предавници“ и „Тргнете ги рацете од Македонија“, а на оградата од министерство закачија порака: „Отстапувањето на името Македонија за државичката на Скопје е еднакво на национална распродажба.“
Пораката „Македонија е грчка“ се вееше додека Османи беше на средба во грчкото МНР

Додека вицепремиерот Бујар Османи имаше средби со неговите домаќини во грчкото МНР во Атина, пратеници од ултра десничарската и националистичка партија Златна зора, заедно со група нивни поддржувачи се собраа на протест пред зградата на Министерството за надворешни работи на Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, демонстрантите подигнаа пано на кое пишуваше „Македонија е грчка“, извикуваа слогани „Предавници“ и „Тргнете ги рацете од Македонија“, а на оградата од министерство закачија порака: „Отстапувањето на името Македонија за државичката на Скопје е еднакво на национална распродажба.“

Групата ја предводеше претседателот на партијата, а заедно со него беа и пратениците на Златна зора.

-Златна зора беше тука за да протестира за распродажбата на името на Македонија, кое што за целиот грчки народ не е само едно име, туку е нивната душа и нивната историја, рече лидерот на партијата, Никос Михалољакос, пренесува МИА.

Од Златна зора, на нивниот сајт објавија фотографии и видео од како што велат, динамичниот одговор за предавничките планови на СИРИЗА.