Вести

Попоски на Фејсбук: Да ставиш ситни лични цели наспроти вредностите на ЕУ е најголемата опасност за Унијата

Еден пријател, европратеник вели: „Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели“, напиша министерот за надворешни работи Никола Попоски на својот Фејсбук профил.

nikola-poposki

Пратеник во Европскиот Парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија.
Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми… кои се самосвесни, напиша Попоски и додаде:
Ова можат да го надминат ако сакаат. Тоа ќе биде за нив, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама.