Вести

Попоски на 53.Минхенска безбедносна конференција

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на 53-та Минхенска безбедносна конференција, што ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија.

popvski

Годинашната конференција ќе биде фокусирана на иднината на трансатлантските односи по претседателските избори во САД, европската безбедносна соработка и одбрана, односите со Русија, војната во Сирија, политичко – безбедносната ситуација во Азија и Пацификот, како и предизвиците од мигрантската криза и радикализацијата.

Како што соопшти МНР, вицепремиерот и министер Попоски, во Минхен, ќе оствари повеќе средби со колегите од земјите-членки и партнери на НАТО.