четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 46
home Вести

Покрај името, Грција бара промена на македонскиот идентитет

Тркалезната маса на меѓународната заедница изминатата 2017 година повторно го стави на дневен ред спорот за името со Грција, пренесува Алфа тв.
Покрај името, Грција бара промена на македонскиот идентитет

Доаѓањето на новата Македонска Влада, решението за спорот за името го врати во центарот на вниманието. Многу променливи и непознати во преговорите прекриени со превез на контрадикторност и лажни насмевки изминативе месеци.

Сепак при крајот на годинава во воздух остана да лебди прашањето дали суштинските проблеми во спорот не се само компромис за името туку и барање за промена на македонскиот идентитет и јазик.

-Нимиц: Знаете, во се е инволвирање прашањето за идентитетот. Го споменавте прашањето за името, се работи за прашање за идентитет. Зависи што мислите под прашање на идентитетот. Се работи за сензитивни прашања но се чувствувам комфорен дека ќе избегнеме било што, што ќе го направи невозможно решението на проблемот.

Збунувачкиот одговор на медијаторот Нимиц во Брисел само ја подгреа грчката јавност и медиумите да пренесуваат дека овие месеци се работи на политичка и психолошката подготовка на граѓаните на двете земји за претстојниот компромис за решение.

Од досегашните искуства пак јасно е дека Македонија и Грција не се сами во преговорите за името. Дека засилените  притисоци за промена на името допрва ќе следат, своевремено најави и Игор Јанев, професор по меѓународно право од Институтот за политички науки во Белград .

-Притисоци ќе има, но и македонската и грчката страна треба да се свесни дека тоа не може да помине без референдум, дури и со нивна најдобра волја. Политичка одлука за промена на име е невозможна мисија, вели Јанев за Алфа.

Јасно е дека референдум за името мора да има, иако не е јасно како тоа би се остварило со Државна Изборна Комисија во оставка.

Македонија има и официјална судска пресуда којашто е обврзувачка за Грција да ја промени својата стратегија за спорот со името. Ако пак се тргне иредентизмот од маса за којшто зборува јужниот сосед, спор за името ние всушност и немаме. Ова го потврдија и професори по меѓународно право. За нив потребно е да се направи само разлика меѓу Република Македонија и регионот Македонија кој што се протега и во Грција и Бугарија.

–Практично како овој нашиов дел да го разликуваме од останатиот дел на регионот Македонија. И тука доаѓаме до клучната точка којашто не води до прашањето како да го решиме спорот за името без да се задира во идентитетот. На тој начин што ќе прифатиме и декларираме со Грција за поставување на разлики помеѓу државата и регионот.-изјави Тони Дескоски професор по меѓународно право .

Сепак во изминативе месеци Новата Македонска Влада во текот на таканаречените пријателски средби со официјална Атина ниту еднаш не ја спомна ниту одлуката на светскиот суд пред кој Македонија докажа дека со ништо не ја провоцира Грција.

Многу нејаснотии. Она што на сите им е јасно е дека останува одредницата која во моментов се сведува на три опции Нова, Горна или Северна Република Македонија како и именувањето на нацијата и јазикот. Прашања  кои што ќе се решаваат 2018 година и кои ќе покажат дали Македонија ќе добие фер компромис со што горди а не понижени би влегле во евроатлантското семејство.