понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Вести

Поддршката на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ беше едногласна: Неподелена и суверена заедничка Македонија!

Поддршката на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ беше едногласна: Неподелена и суверена заедничка Македонија!

Протестниот марш „За Заедничка Македонија“ освен тоа што се памети како еден од најмасовните во историјата на државата, исто така беше поддржан од многу јавни и докажани луѓе во своите професии. Од пеачи, актери па се до земјоделци, нуркачи, писатели и многу други поддржувачи гордо застанаа на браникот за зачувување на македонската држава.

Андријана Јаневска  – една од најпознатите македонски пејачки потенцираше:   „Моменталната ситуација наликува на шаховска партија каде играат бели и црни но не смееме да заборавиме дека на крајот кога играта ќе заврши, сите фигури се враќаат во истата куттија и пионот и кралот. Човекот е роден слободен но секаде е во синџири. За да бидеш слободен не е потребно само да ги тргнеш синџирите од своето тело, туку да живееш на начин кој ја почитува и прифаќа слободата на другите. Затоа додека сеуште има време да се освестиме да сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста. Тоа е она кое ни е неопходно рече Јаневска“.

Калиопи испрати силна порака –   „Моето срце е секогаш овде со овој народ“.

Запро Запров, еден од најпознатите македонски диригенти истакна: „Драги сограѓани ви се поклонувам пред вашето достоинство. Така се брани Македоникја. Така се бранат нејзините вредности.Секој што има љубов спрема оваа земја само така ја брани Македонија“.

Помеѓу многуте поддржувачи на протестот се: пеачите: Сашо Гигов Гиш,  Сузана Спасовска, Музичката група Пркети, Дарко Мијалковски.

Поддршка за „Заедничка Македонија“ дадоа и естрадните уметниции од соседните држави. Босанскиот пејач Дино Мерлин им порача на сите македонци да го зачуваат Сонцето кое се наоѓа на знамето. Тоа Сонце никогаш да не згасне и вечно да свети. Македонците да пронајдат разум, Да го дадат најдобро од себе за да никогаш не дојде до најлошото рече Мерлин.

Најпознатиот фолк пејач од соседната Србија, Мирослав Илиќ со поддршка за Заедничка Македонија: Браќа Македонци, сакајте ја својата земја!

Огромна поддршка за протесниот марш стигна и од поетските уметници во Македонија.

Внуката на Крсте Петков Мисирков  рече : „Тој кажа дека оваа држава е Македонија, и македонски јазик се зборува“

Поддршка дадоа и поетесата Виолета Секоска, писателот Брнако Цветковски, поетот Сашко Кукулев, Писател и претседател на српската заедница во Македонија,  Гордана Јовиќ Стојковска.

Усеин Шукрие припадничка на ромската заедница истакна: „Јас сум една од вас и сум еднаква како вас. Без разлика дали сме Макеодонци, Албанци, Турци и други националности. Ние сме едно и секогаш ќе бидеме едно. Македонија е мојата земја“.

Основач и претседател на македонското- турско здружение  Кемал Ататурк – Битола, господинот Кемал Шемол Мемиш.

Голема поддршка дадоа и актерите на македонската сцена.

Ванчо Петрушевски, еден од најпознатите македонски актери, на македонскиот народ за време на протестите им порача: „Нема да дозволиме да бидеме уценети со туѓи Платформи. Нема да дозволиме некој на мала врата да ни протурка нешто кое ние граѓаните на избори не сме го гласале. Да не дозволиме нешто од надвор, нечие туѓо сценарио да ја разјаде нашата држава од внатре. Изборот кој секој од нас го направи беше Македонија, неподелена, суверена. Заедничка Македонија“.

Актерот Васил Зафирчев порача:   „Народ без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е, од каде е и каде оди”.И после речиси повеќе од век и половина, во 21 век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше македонско, да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме. Една, единствена, унитарна и суверена“.

Петар Темелковски – Македонскиот филмски и театарски актер истакна дека ние Македонците имаме силен глас, дури и за најтврди уши.

Поддршката  пристигна и од спортистите, Боксерите, Федерацијата на Џиу Џитсу, Велосипедистите, параглајдерите и многу други.

Ракометарот Боби Милевски истакна : „Сите треба да бидеме свесни дека имаме една држава, треба да ја чуваме и во иднина“

Ракометарот Саша Ќириќ рече: „Само сплотени ќе ја сочуваме нашава Македонија“.

Нуркачите дадоа уникатна поддршка на „Заедничка Македонија“

Ловџиите исто така дадоа едногласна поддршка: „Тука сме и ќе останеме да ја штитиме заедничката Македонија“.

Играорците на „Танец“ во изведба на тешкото ја поддржаа граѓанската Иницијатива за Заедничка Македонија.

Македонската истакната сликарка Жанета Вангели истакна дека прифаќањето на Тиранската платформа ќе значи конечна капитулација на Македонија.

Ова се само дел од многуте поддржувачи на протестот за „Заедничка Македонија“ на кој сите маршираа со една цел – Неподелена и суверена заедничка Македонија.