среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 121
home Вести

Почина поранешен началник на генералштабот на АРМ

Почина поранешен началник на генералштабот на АРМ

На 79-годишна возраст денеска почина генерал Трајче Крстевски, поранешен началник на генералштабот на АРМ.

Како што соопшти АРМ, генералот Крстевски утре ќе биде погребан со воени почести на градските гробишта во „Бутел“ во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во „Бутел“ од 12 часот.

Генералот Крстевски беше трет началник на ГШ на Армијата на Република Македонија во период од 22 јанури 1996 до 11 февруари 2000 година.

Во времето на распадот на Југославија,тој бил на служба во Република Хрватска. Поради познатите настани што се случија во 1991 година, тој ја напушта ЈНА и се враќа во Република Македонија, каде се приклучува во процесот на фомирањето на воените формации на единиците на АРМ.