Вести

Победничка атмосфера и преполн штаб во Центар: Кандидатот Јовановски пречекан со оваации од присутните (ФОТО)

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Дејан Јовановски, како и кандидат за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во позитивна атмосфера беше пречекан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

Јовановски на средбата на граѓаните на општина Центар им вети победа на претстојните локални избори на 15 октомври оваа година.

Инаку кандидатот за градоначалник на општина Центар во штабот го пречекаа голем број на симпатизери и поддржувачи на најголемата политичка партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ.