Вести

По одлуката на Самсоненко, цела Европа тргна по ракометарот на Вардар!

Веста дека сопственикот на двата „црвено-црни“ клубови, Сергеј Самсоненко, нема повеќе да ги финансира и машкиот и женскиот тим, силно одека во европската ракометна јавност.

 

Некои од силните европски клубови, веќе задоволно тријат раце и ја започнаа кампањата за ангажман на некој од вардарците.

Според црногорските медиуми, левиот бек Вуко Борозан кој има уште три години договор со македонскиот и европски шампион, веќе е на мета на клубови од Германија, Шпанија, Унгарија…, пренесува 24Ракомет.