Вести

Пиштолот со кој се пукаше во Тодоров даден на вештачење- се уште не се знае на кој начин атентаторот го набавил

Се уште трае истрагата околу обидот за убиство на високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и до пред 2 дена вицепремиер во Владата на Република Македонија, Никола Тодоров. Од МВР за Курир велат дека пиштолот е даден на вештачење и повеќе информации околу тоа како напаѓачот стигнал до него нема во моментов.

 

Истрагата се уште нема утврдено дали пиштолот напаѓачот сам го купил, од кого го купил, или пак дали му бил даден. На овие прашања јавноста бара одговори, а секако тие се потребни и за целосно расветлување на случајот околу обидот за убиство на Никола Тодоров.

СДСМ веќе подолго време е со отворена кампања против Никола Тодоров, кого го нарекуваа министер за смрт, со што свесно креира хистерија против поранешниот министер за здравство, која резултираше со обид за убиство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во вестите на телевизија Алфа, обвини дека СДСМ, Зоран Заев, невладините организации кои работат во нивна полза, како и медиумите кои што се под нивна контрола и работат директно за нив направија атмосфера до вакво нешто да дојде.

-Три години во Македонија се гради атмосфера во која што СДСМ, Зоран Заев, невладините организации кои што се впрегнати да работат во нивна полза, дел од медиумите кои што директно работат за нив градат атмосфера за да се случи нешто вакво, градат атмосфера дека ние сме монструми, ние некого сме убивале, дека Тодоров е министер за смрт сите смртни случаеви во здравството му ги препишуваа него како тој да е виновен за луѓето што заболуваат и умираат, изјави Груевски.

Груевски истакна дека ако некој во здравството направил најмногу тоа е токму Тодоров. Тој набави нова опрема, ги испрати лекарите да одат на обуки, изгради нови болница и многу други проекти. Покрај гнасната пропаганда против Тодоров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека таква кампања се водела против сите членови на владата

-Ако некој во здравството направи најмногу, набави нова опрема, ги прати лекарите да одат на обуки, изгради болници, реконструираше болници и воведуваше реформи тоа е токму оваа влада и Никола Тодоров, цели 11 години, ако така се гледа ние сите изминати министери или идни ние треба да ги нарекуваме масовни убијци. Затоа што нема министер за здравство кој ќе спречи луѓето да умираат. Беше една гнасна и гадна пропаганда и кон министерот и против сите членови на владата и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски.

Многу високи функционери и истакнати членови на СДСМ, преку социјалните мрежи и преку други настапи долго време ја водеа оваа црна кампања против Тодоров, која можеше на крај да заврши трагично. Трагичниот случај со смртта на малата Тамара беше дел од главната кампања на СДСМ, партија која дури ја искористи и нејзината мајка во најтажните моменти за собирање политички поени.

И професорката Каролина Ристова-Астеруд, поранешен пратеник на СДСМ беше вклучена во негативната кампања кон Тодоров. Таа на Фејсбук напиша: „Ако он остане, уште многу мајки ќе завие во црно, уште многу жени ќе настрадаат од неговите и не-законите на ДПМНЕ, не-закони кои жените и девојчињата не се ни третират како индивидуи со полн граѓански капацитет, а за здравствените аспекти и да не правиме ич муабет“.

И Петре Шилегов ја искористи собраниската говорница во црната кампања на СДСМ, која можеше да заврши трагично по поранешниот министер Тодоров. Шилегов од СДСМ, го нарече Тодоров министер смрт во Собранието.

-Моето прашање за господинот Тодоров, а можете и вие господине Димитриев да одговорите. Дали мисли да поднесе конечно одговорност, бидејќи во јавноста е познат како министер смрт, кажа Шилегов од собраниската говорница.

Нападите кон Тодоров за случајот со Тамара продолжија и оваа година преку новинарите кои работат за СДСМ, каде повторно беше користена мајката на малото девојче, за СДСМ да добие политички поени.

Инаку црната кампања во која Никола Тодоров беше обвинет директно за смртта на малечката Тамара, иако резултатите покажале дека девојчето починало од бронхопневмонија, а не од болеста за која требаше да биде оперирано. Покрај тоа едни главните куршуми во кампањата на новиот премиер Зоран Заев, во екот на објавувањето на т.н. „бомби“ беше дека народот ќе ја донзаел вистината за Младенов, Смиљковско езеро, Диво Насеље. Тоа се беше со цел народот да помисли дека позади убиствата на децета на кај Смиљковско, убиствата на полицајците во Диво Насеље и сообраќајната несреќа на новинарот Младенов стои ВМРО-ДПМНЕ.

Бескруполозноста на Заев и СДСМ се покажа и по тоа што  дури и во својата изборна кампања, СДСМ имаше спотови со погребите поврзани со овие настани, а нивните невладини шарени платеници редовно ги нарекуваа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ убијци, токму врз основ на оваа лажно создадена перцепција.