Вести

Петар Гошев ги навреди докажаните уметници кои даваат поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Тие не размислуваат со своја глава!

Докажаните уметници кои ја сакаат Македонија и кои дадоа поддршка на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, според Петар Гошев не размислувале со своја глава.

 

Гошев во гостувањето на Телевизија 24 ги навреди докажаните уметници како Игор Дурловски, Елена Мисиркова, Васил Зафирчев, Калиопи, Ванчо Петрушевски и другите уметници кои дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој вели дека тие не зборувале со својот ум, туку со торбата со зоб од која зобале на сметка на буџетот.

-Оние пејачи и глумци на протестите, не мислат со своја глава, туку мислат со зобникот од кој зобаат, а сега глумат дека ја бранат Македонија, изјави Гошев.