понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 50
home Вести

Пет возила извртени поради голомразица во велешко

Пет возила извртени поради голомразица во велешко

Пет возила се извртиле од патот утринава поради голомразица на територија што ја покрива СВР Велес, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол во МВР.

Три возила биле извртени на мостот кај Стоби на автопатот од Неготино кон Велес. Тројца патници се здобиле со лесни повреди и биле пренесени во Здравствен дом Неготино.

Едно возило се извртело после патарината Градско, на автопатот кон Велес, при што била причинета материјална штета, а друго на патот од Кавадарци кон Неготино.

Додевски апелира на внимателно возење, посебно во утринските часови кога има појава на голомразица и особено на мостови.