Вести

Пенков од ВМРО-ДПМНЕ на прес му честиташе победа на Делков од СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков денеска му ја честиташе победата на противкандидатот од СДСМ, Тони Делков. Му посака успешна работа. Тој се заблагодари за поддршката и рече дека секогаш ги почитува одлуките на народот.

Пенков освои 5.630, а Делков доби 6.455 гласа. Независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов освои 135 гласа.

На гласање излегле 12.549 неготинци, а излезноста е 78.08 проценти.

Групата избирачи на Сашо Николов освои 471 глас. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби 5.287 гласа, а таа на СДСМ и коалициските партнери освои 6.349 гласови. Според првичните податоци, СДСМ и коалицијата освоија осум, а ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери седум советнички места.