Вести

Пенков: Ќе победиме во Неготино и ќе работиме чесно и посветено

Нема никаков сомнеж дека ќе оствариме огромна победа, рече вечерва кандидатот за градоначалник на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Златко Пенков, на средба со граѓани.

 

Нашиот народ, рече, е паметен, вреден,  трудољубив и знае да го направи вистинскиот избор, нагласувајќи дека во неговата програма се опфатени како градот, така и сите населени места.

Носителот на листата на кандидати за советници Петре Манчев меѓу другото рече дека сите идни советници ќе работат чесно и посветено во интерес на сите жители на Неготино.