петок, 25. мај 2018. Вести денес: 29
home Вести

Павлопулос: Името на соседната земја зрачи иредентизам

Павлопулос: Името на соседната земја зрачи иредентизам

Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин на кој ќе се исклучи секаков вид на иредентизам, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Лариса, говорејќи пред припадници на грчкото воздухопловство.

Прокопис Павлопулос, јавува дописникот на МИА од Атина, смета дека „денешното име признато и од други земји, јасно зрачи иредентизам“.

– Истите барања на меѓународната заедница на НАТО и на Европската унија покажуваат дека името зрачи иредентизам. И тоа е реалност. Оваа земја, која ние ја сакаме за сојузник, за пријател и во НАТО и Европската унија, треба да избере. Сака перспектива? Ако сака ќе треба да ги направи неопходните промени во целиот правен поредок, почнувајќи од нејзиниот устав, каде ќе постои промена на нејзиното име и секако оваа промена ќе биде проследена и со гаранции што го исклучуваат иредентизмот и во однос на границите и во однос на националноста и во однос на јазикот, рече Прокопис Павлопулос.