Вести

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Заради партиски интереси СДС ги понижува полицајците и ја уништува професионалноста на полицијата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа отворена дебата со Комисијата на партијата на која се обратија Оливер Андонов, Александар Нацев, Сашо Павлоски и Милан Стефаноски.

Андонов: Спасовски и СДСМ го злоупотребуваат МВР за изборни потреби и креираат полициско-удбашки местенки

СДСМ со своето делување ги поттикнува и активирањата на повеќе ризии и закани, како врз личната и јaвната, така и врз националната безбедност. Тие се многу на број, и верувам дека и неколку трибини нема да бидат доволни да ги споменеме, наброиме и накусо образложиме, истакна денеска професорот Оливер Андонов на Трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Андонов рече дека ништо во МВР не оди на подобро, не е сработено ништо, а особено безбедноста на граѓаните и услугите кои што нашите граѓани ги очекуваат од МВР како нивен сервис не одат на подобро.

–За оваа состојба се виновни Спасовски и СДСМ со нивните политики. Токму од овој контектст, од оваа трибина барам Спасовски да престане со декларативните заложби за унапредување на безбедноста, за реформи на безбедносниот сектор, кои тој ги нарекува реформи во разузнавачкиот сектор, што покажува видливо дека овој човек нема врска со познавањето на безбедносниот систем на РМ, спроведувањето на реформите од Прибе и себеукрасувањето со туѓи дела кои ги промовира како свои, а што е одлика на луѓе кои се неработници и кои манипулираат, рече Андонов.

Тој рече дека Спасовски на отчетот никаде не кажал дека за да добијат лични документи, посебно патни документи во псоледните три месеци, граѓаните чекаа и се уште чекаат енормно долго време, или мора да се бараат заобиколни патишта за да се дојде до личен документ. Ова особено е истакнато во однос на странците кои треба да добијат документи за привремен престој.

–Морам да нагласам една клучна работа која во овој момент најмногу не загрижува. Тоа е фактот дека Спасовски и СДСМ го злупотребуваат МВР за изборни потреби и продолжуваат да манипулираат со граѓаните преку креирање на полициско-удбашки методи и местенки за што сведиоци бевме и во текот на праламентарните избори во декември минатата година, но бевме сведоци и за вчерашниот настан со малтретирањето на кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Потоа, истото тоа МВР тенденциозно и можам слободно да кажам лажливо известува до јавноста со грст невистини, побивајќи ги дури и изјавите дадени од самите службеници дека кандидатот за градоначалник не треба да се плаши од еден пиштол кој му бил вперен во глава и дека така лесно не се станувало градоначалник, играјќи мајтап со лицето, изјави Андонов.

Тој додаде дека тоа е навреда на честа, на достоинството на истакнат бизнисмен, на човек кој е познат во јавноста, квалитетен, и отворено ги искажува политичките ставови. Андонов нагласи дека тоа е обид за негово заплашување, удар врз демократија со полициско-удбашки методи.

Нацев: Секогаш кога СДСМ бил на власт, безбедносите служби и полицијата првично се во служба на партиските интереси

Ние знаеме дека секогаш кога СДСМ бил на власт, евидентно е дека разузнавачките и безбеднoсните служби и полицијата, првично им служи на партиските, а потоа на државните интереси и за тоа постојат голем број на докажани случаи и сведоштва, изјави на денешната трибина ан ВМРО-ДПМНЕ Александар Нацев, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Нацев рече дека периодот кога СДСМ бил на власт се одликува со големи турбуленции, со големи нерасчистени афери, со атентат врз претседател, со голем број на сомнителни самоубиства, со сериозни обливи на организиран криминал, со мафијашки пресметки, но и со тотална политизација и партизација на ебзбедносните структури.

–Таквиот тренд на СДСМ го гледаме и сега и токму затоа е потребно да се говори за овој феномен и да истакнеме дека постои опасност дека некомпетентно и малициозно спороведување на реформите на безбедносниот сектор само ќе придонесат кон намалување на довербата на граѓаните кон овој сектор и ќе го стават овој сектор во улога на заштитник на промовирање на владеењето на СДСМ, рече Нацев.

Тому затоа, нагласи тој, „кај нас се раѓа сомнеж дека овие фиктивни и фингирани, но од друга страна и строгоконтролирани и доброкоординирани реформи ќе го постигнат посакуваниот ефект да придонесат кон демократизациј, кој деполитизација, департизација на овој сектор.

–СДСМ ќе ги искористи тие „реформи“ за да направи политичка пресметка со своите противници Ние знаеме дека секогаш кога СДСМ бил на власт, евидентно е дека разузнавачките и безбедносните служби и полицијата, првично им служи на партиските, а потоа на државните интереси и за тоа постојат голем број на докажани случаи ис ведоштва, рече Нацев.

Според него, методите на работа варираат од суптилен притисок врз поединци и нивно малтретирање до органзиирано следење и набљудување на политички противници, на припадници на противнички политички партии, и така во недоглед. Исто како и сега, така било и порано, нагласува Нацев.

Павлоски: Целта на СДСМ, Заев и Спасовски е партизација, политизација и криминализација на МВР

Имаме од владеење на професионализам, стручност, подготвеност како и почитување на сите законски решенија во моментов ние се случуваме со максимална деградација на сите кадри во министерството за внатрешни работи, ова на отворената девата ба ВМРО-ДПМНЕ го истакна Сашо Павлоски.

-Тука сакам да напоменам дека се клучни три работи, првото е тотално не почитување на закнот за внатрешни работи, втората работа е тотално непочитување на правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување и трето тотално непочитување при унапредување и начинот на остварување на кариера на сите вработени во МВР. Во овој контекст ВМРО-ДПМЕ јавно потсетува дека е правна држава и дека секој мора да работи согласно уставот и законите и никако поинаку. И секое работење од она што е законски предвидено во иднина ќе биде санкционирање со враќање на правната држава бидејќи тоа било и ќе биде интерес на граѓаните, потенцираше Павлоски.

Тој вели дека бројката на уназадени професионалци е повеќе од 100, додека пак бројот на унаптедени партиски службеници изнесува неколку стотици, а истие овие се блиски до СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски.

-Тука станува збор за сите началници на регионални сектори, за гранична полиција и скоро за сите началници и командири на полициски станици кои се променети од позициите спротивно на сите правни принципи. Сето ова е направено поради една единствена цел, тоа е партизација и политизација  и криминализација на МВР, рече Павлоски.

Стефаноски: Министерството за внатрешни работи веќе е оружјето на СДСМ во пресрет на локалните избори

Граѓаните го паметат и настанот на началниците на СВР Струмица и Куманово кога на само неколку дена пред парламентарните избори во декември исто така незаконски беа поставени на своите функции и направија сериозни кривични дела, едниот од нив на лице место ослободи лице кое направи кривично дело напад на овластено службено лице при вршење на својата должност, истакна на денешната отворена дебата со  Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Стефаноски.

-Исто така при претрес во домот на началникот на СВР Куманово беше најден изборен материјал и ова е доказ дека СДСМ кога ја презема власта притисоците стануваат нивни метод на работа и нивна слика. Вперувањето на оружје на кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што е член на партијата и да оди на своја партиска конвеција, тогаш сите ние денес можеме да заклучиме дека ни претстојат загрижувачки денови во изборната кампања и самиот изборен ден, вели Стефаноски.

Тој вели и дека партизираното МВР веќе почнало да дејствува во контекст на локалните избори.

-Во овие за мене небезбедни 100 дена видовме многу пропусти и инциденти, Оливер Спасовски е министер кој лично не им верува на своите безбедносни системи и правосудни па со скандалозната изјава за „Диво насеље“ дека ќе ангажирал меѓународна истрага, тоа само се потврдува. Мислам дека СДСМ, МВР и самиот министер Спасовски не знаат да раководат со овакво министерство и со вакви безбедносни предизвици, рече Стефаноски.