вторник, 21. август 2018. Вести денес: 115
home Вести

Откако му пиша на Заев, ослободен командантот на УЧК: Авдил Јакупи- Чакала го напушти Идризово (ФОТО)

Откако му пиша на Заев, ослободен командантот на УЧК: Авдил Јакупи- Чакала го напушти Идризово (ФОТО)

После 14 години во затвор, ослободен Авдил Јакупи -Чакала, јавуваат медиумите на албански јазик.

Авдил Јакупи, поранешниот командант на УЧК познат по прекарот (Чакала) на крај ја дочека слободата после 14 години во затворот Идризово во Скопје, пишува Журнал.мк.

-После 14 години и два месеци излегов од затвор, му благодарам на оние кои за ова време беа со мене, напишал Чакала после излегувањето од затвор.

Чакала бараше до Заев да го ослободи

Авдил Јакупи, познат како командант Чакала, на почетокот од јуни минатата година му испрати отворено писмо на Зоран Заев веднаш по неговото стапување на премиерската функција. Преку ова писмо тој бара од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело за кое што тврди дека не го направил.

“Почитуван Премиер, Зоран Заев, целосно сум невин. Али Ахмети, Фатмир Дехари, но исто така командандантот Хоџа знаеа добро кој ги поставил мините, но не реагирале. Јас бев незаштитен и наместен од Зоран Верушевски, само затоа што бев дел од УЧК. Бев осуден на 22 години казна затвор, сега веќе 14 ги завршив“, напишал тој во писмото кое го пратил до новинската агнција ИНА.

Јакупи бил обвинет дека го минирал возот на линијата Атина – Белград. Потоа додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, информира новинската агенција ИНА. За ова дело се казнува со 15 години и 7 години за тероризам и вкупно добил казна од 22 години затвор.