Вести

И Охрид против доселување на мигранти

Советот на Оптина Охрид го одби нацрт стратегијата за бегалци и странци. Со 14 гласа против, сите од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека од советниците на СДСМ дел не гласаа, а дел ја напуштија седницата на советот.

 

-Ние со нашето кревање на рака ќе го искажаме нашиот став, можеби феномен некој ќе се случи, но јас не верувам. Јас ќе ве замолам да гласаме сите консензулано, кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ангел Јанев пред гласањето.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Арнаудоски кажа дека Охрид не е спремен да ги прими мигрантите.

-На поголем дел од општините е пратено писмо да ја разгледаат можноста за изградба на станбени единици за мигрантите, значи и во случај да дојде такво писмо, со оваа одлука ние го задолжуваме градоначалникот. Очигледно е дека и општините се зафатени и мора да донесеме ваква одлука, за да не почне изградба. Јас се сожалувам за судбината на овие луѓе, но Охрид не е подготвен за да ги прими. Се покажа на коридорот каде што поминуваат мигрантите само направија хаос, изјави Арнаудоски.

Тој даде и примери за проблемите кои ги прават мигрантите, како на пример што било силувано 7 годишно девојче од мигрантите.

Со 14 гласа против Советот ја одби нацрт стратегијата, гласаа само советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците на СДСМ, еден дел не гласаа, додека еден дел ја напушти седницата на советот.