петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 78
home Вести

Обвинителството го расветлува убиството во Чаир

Обвинителството го расветлува убиството во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот.

-Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатата. Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот, информираат од ЈО.

Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува.