понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 45
home Вести

Нова скандалозна одлука на судот

Овој мобинг од страна на судот кон Никола Груевски е незабележан досега во историјата на македонското судство и се одвива паралелно со случајот за Поткуп на Заев каде рочиштата најчесто се закажуваат на околу 2 месеци, каде исто така еден од судиите во советот е истата судијка Добрила Кацарска.
Нова скандалозна одлука на судот

Нова скандалозна одлука на судот. Освен што Груевски цела недела, секој ден ќе биде во судот за три различни предмети, денес судијката Добрила Кацарска донесе одлука која не се носела досега и во предмети кои се итни и каде има притворени лица кои бараат побрзо да заврши судењето за да излезат од протвор.

Судијката одлучи рочиштето да трае цел ден и вон работното време на судот за да се испитале зацртаните четири сведоци за денес. Со обзир дека денешното рочиште ќе трае до вечер, одбраната побара барем пауза за ручек од 1 час, на што по одредено двоумење судијката дозволи 45 минути пауза.

Вакво брзање и малтретирање на осомничените не е забележано досега во историјата на судството особено во ситуација кога Никола Груевски утре има ново рочиште за друг предмет, за кое треба да се подготви. Овој мобинг од страна на судот кон Никола Груевски е незабележан досега во историјата на македонското судство и се одвива паралелно со случајот за Поткуп на Заев каде рочиштата најчесто се закажуваат на околу 2 месеци, каде исто така еден од судиите во советот е истата судијка Добрила Кацарска.

Истата судијка е кандидат за претседател на Апелациониот суд позиција за која веќе долго се чека одлука на Судскиот совет.

Дали со овие постапки судијката Кацарска која и онака важи за многу блиска до СДСМ и која во време на владеење на СДСМ во минатото беше претседател на кривичниот суд, сака да испрати сигнали до власта за подготвеност за неизмерна лојалност и подготвеност за бескрајна  соработка или нешто друго е во прашање останува дилема.

Не само во историјата на македонското судство туку и воопшто во историјата на светското судство, вакво постапување на судии не е забележано.

Како сведок предложен од СЈО сведочеше и директорот на претставништвото на „Мерцедес мак ауто стар“, Зоран Марковски.

Тој наведе дека секогаш претходно кога се набавувало блиндирано возило, државните институции го набавувале без тендер и со директна спогодба. Тој подвлече дека ова било прв пат некоја државна институција да набави вакво возило без тендер, и без да го искористи законското право за директна спогодба и при тоа да набави каква марка на возило сака и од кого сака.

Со ова се потврди дека ако МВР и Груевски сакале да фаворизираат некоја марка или фирма, имале законска можност тоа да го направат и без тендер да го набават возилото, но тие одбрале да има конкурентна постапка.