Вести

Нов хорор во здравството: Во Охрид почина двегодишно девојче!

Двегодишно девојче од Охрид доцна синоќа е донесено на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид без знаци на живот.

МВР информираше за оваа огромна трагедија, но без никакви детали за немилиот настан.

Информациите до кои дојдовме отвораат сомнеж за сериозни пропусти во здравствениот систем. Како што дознаваме, девојчето прв пат било примено пред два дена, односно на 25 август. Според сознанијата, му била препишана терапија и било пуштено дома, а следната контрола му ја закажале за 3 дена.

Состојбата нагло се влошила вчера. Родителите околу 16 часот го донеле детенцето во охридската болница. Медицинскиот персонал му дал инфузија и откако му се подобрила состојбата повторно го пуштиле на домашно лекување.

Вечерта се случила огромна трагедија. Детето повторно е однесено во болницата од каде беше испуштено, но овој пат со влошена состојба и практично без знаци на живот.
Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Македонската јавност е потресена од смртта на малото дете, како и од смртта на четирите новороденчиња од скопска Гинекологија.
Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Арбен таравари и новите директори поставени од нив по партиска и пријателска линија, мораат да сносат одговорност за смртта на овие деца!