Вести

Никола Димитров- политичар во сите политички бои и спроведувач на политика на понижување

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во владата на Зоран Заев, освен по неуспешните 100 дена, во јавноста е познат и како човекот во сите политички бои.

Димитров на позицијата министер дојде како „независен“ предлог на СДСМ, а претходно тој беше функционер на „старото“ ВМРО-ДПМНЕ, па преговарач во спорот за името на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а последната функција му беше советник за национална безбедност на Никола Груевски.

Министерот сега го чека интерпелација, односно гласање доверба во Собранието.

За само 100 дена, Димитров успеа да го потпише срамниот договор за добрососедство со Бугарија и да направи дипломатски скандал со Србија. Во првите 100 дена не успеа да го исполни ветувањето на СДСМ за брз влез во НАТО и Европската Унија, а нарачуваше цвеќиња од 5.000 евра.

Меѓутоа, Димитров во јавноста остана запаметен откако веднаш по потпишувањето на договорот со Бугарија замина на одмор на Халкидики, во луксузниот хотел Касандра Палас. Тој стана познат и по тоа што застана на протестите на СДСМ против владата на ВМРО-ДПМНЕ и секоја недела даваше интервју против тогашната Влада.

Порталот Журнал.нет пишуваше дека министерот Димитров во видно алкохолизирана состојба бил забележан во кафеана со непозната женска личност.

­- Наместо да ги решава проблемите на граѓаните, новиот шеф на македонската дипломатија го потврдува статусот на нестабилна личност. Веднаш по неговото назначување, дел од медиумите го опишуваа како голем трошаџија, вешт и убедлив говорник и манипулант, пишуваше Журнал.нет.

Според порталот, како амбасадор на Република Македонија во САД, Димитров се истакнал по честите посети на казина.

-Во кумска врска е со Борјан Јовановски. Кога е во Скопје скоро секоја вечер заедно ги затвораат кафеаните каде престојуваат, прилично развеселени и со дузина скадали зад себе, за што потврда е и оваа фотографија.

Оние кои го познаваат го опишуваат како вешт манипулант кој често во друштво прераскажува како успеал да изманипулира други соговорници и да ги увери во нешто што и тој не верува, и е прилично горд со тоа, се фали со тоа и раскажува, убеден дека така ќе си ја подигне својата вредност и цена, пишуваше Журнал.нет.