Вести

Нервозата на СДСМ пред пораз ескалира: Шилегов и Политико на терен после дознавањето на бројките од последните реални анкети

Нервозата во СДСМ ескалира по објавувањето на анкетите кои реално го мерат рејтингот на партиите и кандидатите за градоначалници.

Откако увидоа дека им претстои пораз на локалните избори, партијата на Заев ги активираше своите гласноговорници да превземат нешто. Партискиот портпарол Петре Шилегов и медиумската перјаница на Заев, Саше Политико, денес излегоа на терен да ја “истурат“ некаде својата нервоза.

Шилегов е познат по својот арогантен однос каде и да се појави, но денес освен што е портпарол на СДСМ, тој е и кандидат за градоначалник. Нервозата кај него ескалираше кога се соочи со фактот дека граѓаните од кои ја бара довербата, не му веруваат и дека Коце Трајановски има далеку повисок рејтинг од него. Затоа, отиде на настан каде сакаше да испровоцира тензии, но Трајановски му одговори со аргументи, по што Шилегов избега. На настанот за потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, откако неговиот обид за провокација не успеа, Шилегов соочен со аргументи го напушти настанот.

-Шилегов не знае што зборува, и нема да му замериме затоа што не ја знае оваа проблематика. Со голи пароли сите знаеме, овде нема пароли, овде нема полтика, туку има работа. Јас сум првиот градоначалник, кој што ја отвори Пандорината кутија за загадувањето, Скопје било загадено секогаш, не е тоа од моето доаѓање, туку било многу повеќе. Јас сум првиот градоначалник кој што стави мониторинг станица за мерење на воздухот, кој што ја подигна свеста кај граѓаните дека загадувањето е голем проблем кој треба да се решава. Знаете кои се најголемите загадувачи во Градот Скопје, тоа се домаќинствата кои што се претежно во руралниот дел и блиску до урбаните средини, кои што се греат на дрва и остатоци од мебел, јаглен, рече Трајановски.

Тој додаде дека тие ќе продолжат со субвенции за печки на пелети.

-Сметаме дека треба да се продолжи со продолжување на мрежата за топлификација. За жал, партијата на мојот колега Топлификација ја продаде. Да беше Топлификација под Градот Скопје, како што е во Белград, Загреб и Љубљана, во тој случај градот Скопје ќе инвестираше и во нови мрежи и ќе инвестираше во субвенционирање на затоплувањата. Вие сте сведоци дека имаме повеќе од 13 илјади домаќинства кои што се откажаа од топлификационата мрежа, а ја имаат во своите станови, бидејќи цената е висока, а висока е поради тоа што се приватизира. Да не кажувам што се се приватизира во Градот Скопје, рече Трајановски.

Со сличен карактер и ароганција на Петре Шилегов е и нивниот новинар Саше Политико. Тој денес за своја “жртва“ сакаше да го има градоначалникот на општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Ивица Коневски. Но, не му успеа идејата да испровоцира.

-Бегањето од дебати и испраќање новинарски натрапници, како Саше Политико, кои снимајќи со мобилни телефони ја нарушуваат приватноста на граѓаните, е јасен показател за нивото на култура кое го поседува сегашната власт во државата, на чело со нивниот премиер Зоран Заев и кандидадот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин. Во предизборието, СДСМ во Аеродром покажа тотална безидејност и неконструктивност, а нискиот рејтинг на нивниот кандидат, очајно се обидуваат да го прикријат со безочни лаги, манипулации и вакви провокации со новинарски натрапници, кои не демнеат пред нашите домови и снимаат со мобилни телефони, истакна Коневски.

Посочи дека СДСМ и неговиот противкандидат од таа партија се свесни за големиот пораз кој ги очекува на претстојните локални избори, на 15 октомври.

-Откако не им успеаја сите досегашни обиди за мое лично оцрнување, како и за нарушување на угледот на институцијата со која раководам, почнаа да вплеткуваат и самопрогласени новинари, кои од петни жили, од само нивни разбирливи причини, се обидуваат да им помогнат во креирањето на црни сценарија, нагласи Коневски.