Вести

Нема крај на непотизмот од новата власт: Таравари поставува негови роднини на важни позиции во здравството

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој најави повлекување од функцијата и кандидатура за градоначалник на Гостивар, поставува свои роднини за членови на Управни одбори на ајвноте здравствени установи.

Иако најави дека ќе го напушти Министерството за здравство и ќе се кандидира за градоначалник на Струга, Арбен Таравари не си заминува целосно.

Негова продолжена рака во Здравство ќе биде неговиот прв братучед, Генц Таравари, кој е назначен за член на Управниот одбор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, објави денеска порталот Република.

Решението за именување членови на УО, потпишано од Зоран Заев, е објавено во Службен весник, со што станува правосилно. Сепак, според информациите до кои дојде Курир, непотизмот од страна на Арбен Tаравари, СДСМ и Зоран Заев не запира тука, бидејќи за член на Управен одбор е поставен уште еден негов братучед.

Имено, станува збор за Хајбер Таравари, уште еден братучед на министерот Таравари, кој е е именуваn за член на Управниот одбор на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија- Скопје.

На истиот датум, во масовното именување партиски послушници на позиции во Здравство, 3 август, 2017 година, именуван е и кардиологот Борче Петковски за член на Управниот одбор на Кардиологија. Овие сто дена се најцрните денови во македонското здравство. Последиците од погубните потези што ги презема владата на Заев уште долго ќе се чувствуваат во овој сектор.

За потсетување, во десет дена починаа шест деца, а за ова никој не презема одговорност. Запрени се капиталните проекти, изградбата на новиот Клинички центар, реновирањето на старата Градска болница, односно болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Не работат апарати во болниците во градовите низ Македонија, а министерот Таравари најави дека ќе ги реформира најуспешните проекти во здравството. За почеток, на чело на најголемиот електронски систем во Македонија кој го поврзува целиот здраствен систем беше поставен несоодветен партиски кадар, Беким Хаљими, кој дојде во здравството од „Македонија пат“.