Вести

Нацев: Секогаш кога СДСМ бил на власт, безбедносите служби и полицијата првично се во служба на партиските интереси

Ние знаеме дека секогаш кога СДСМ бил на власт, евидентно е дека разузнавачките и безбеднoсните служби и полицијата, првично им служи на партиските, а потоа на државните интереси и за тоа постојат голем број на докажани случаи и сведоштва, изјави на денешната трибина ан ВМРО-ДПМНЕ Александар Нацев, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Нацев рече дека периодот кога СДСМ бил на власт се одликува со големи турбуленции, со големи нерасчистени афери, со атентат врз претседател, со голем број на сомнителни самоубиства, со сериозни обливи на организиран криминал, со мафијашки пресметки, но и со тотална политизација и партизација на ебзбедносните структури.

Таквиот тренд на СДСМ го гледаме и сега и токму затоа е потребно да се говори за овој феномен и да истакнеме дека постои опасност дека некомпетентно и малициозно спороведување на реформите на безбедносниот сектор само ќе придонесат кон намалување на довербата на граѓаните кон овој сектор и ќе го стават овој сектор во улога на заштитник на промовирање на владеењето на СДСМ, рече Нацев.

Тому затоа, нагласи тој, „кај нас се раѓа сомнеж дека овие фиктивни и фингирани, но од друга страна и строгоконтролирани и доброкоординирани реформи ќе го постигнат посакуваниот ефект да придонесат кон демократизациј, кој деполитизација, департизација на овој сектор.

СДСМ ќе ги искористи тие „реформи“ за да направи политичка пресметка со своите противници Ние знаеме дека секогаш кога СДСМ бил на власт, евидентно е дека разузнавачките и безбедносните служби и полицијата, првично им служи на партиските, а потоа на државните интереси и за тоа постојат голем број на докажани случаи ис ведоштва, рече Нацев.

Според него, методите на работа варираат од суптилен притисок врз поединци и нивно малтретирање до органзиирано следење и набљудување на политички противници, на припадници на противнички политички партии, и така во недоглед. Исто како и сега, така било и порано, нагласува Нацев.