Вести

„Народот нема да се предаде, тој ќе им пресуди на велепредавниците“

Актерот Ванчо Петрушевски во своето обраќање пред Собранието рече дека татковината не ја даваат, а ниту ја дава претседателот, кој како што рече е,  најхрабриот човек во Македонија

 

-Претседателот Ѓорге Иванов го доби прекарот железниот претседател, човекот од челик кој храбро сам застана и рече НЕ за Тирански, надворешни платформи. Тоа е херој за кој ќе се пеат песни, нашиот народ знае да си ги почитува своите херои. Иванов е еден и единствен, таков ќе остане и како таков ние ќе го поддржуваме. Предавниците ќе ги стаса казна. Се прашувам во која Македонија ќе се сокријат предавници, сакаат да ја федерализираат, во која сакаат тие да живеат. Овие велепредавници во која ќе изберат да живеат во албанската или во нашата? На криминалците им суди судот, а на велепредавниците народот. Народот ќе им пресуди. Македонија една и единствена, вели актерот.

Петрушевски пред присутните истакна дека се народ напатен и исплашен, но и народ кој нема да се предаде.

-Ако треба овде ќе легнеме еден по еден околу целото Собрание, ќе ја одбраниме нашата татковина. Да не се закануваат дека ние шириме омраза, ние шириме љубов кон нашата татковина, вели Петрушевски.