сабота, 24. февруари 2018. Вести денес: 45
home Вести

Најстудено во Маврово, попладне нови врнежи

Најстудено во Маврово, попладне нови врнежи

Најстудено изутрина во Македонија е во Берово, -7 степени, по што следат Лазарополе со -4, Маврово, Крива Паланка, Крушево и Скопје Петровец со -3, Битола, Претор, Демир Капија, Пожаране и Струмица со -2, како и -1 во Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Виница, Тетово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Штип.

Најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри, Крушево 26, Ѓуриште 20…

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја. Во местата со обилни врнежи ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура до 6 степени.

Утре и во четврток во крајните западни и јужни делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб, повремено умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во покачување.