Вести

Најавите за промени и освежување во третиот ешалон се позитивни, оценка на аналитичарите

Големо освежување во своите редови најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, доколку неговата партија успее да ја формира новата владина коалиција. Груевски во интервју за Дневник, вели дека смените на функционерите ќе бидат најзабележителни во третиот ешалон.

dastevski

-Да, пла­ни­рам. И тоа нај­мно­гу во т.н. трет еша­лон. Одеј­ќи во кам­па­ња­та од мес­то до мес­то, уви­дов де­ка во мно­гу мес­та има оп­рав­дан ре­волт од т.н. трет еша­лон. Не­кои од нив се и пре­дол­го на ис­та по­зи­ци­ја и поч­на­ле да се ру­ти­ни­зи­ра­ат и да се од­не­су­ва­ат прем­но­гу би­рок­рат­ски. Ги за­гу­би­ле жа­рот и енер­ги­ја­та. Има так­ви и во пр­ви­от и во вто­ри­от еша­лон. Има и лу­ѓе кај кој е вид­лив за­мо­рот. Има и так­ви што ги за­гу­би­ле енер­ги­ја­та и ви­со­ка­та мо­ти­ви­ра­ност што ја имаа. Поч­на­ле прем­но­гу ад­ми­нис­тра­тив­но да од­го­ва­ра­ат, без да се пот­ру­дат да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, ту­ку са­мо им да­ва­ат би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни од­го­во­ри. Ед­нос­тав­но не „гри­за­ат“ ка­ко не­ко­гаш ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­те­ње, за по­ма­га­ње, за кре­а­тив­ност во се­кој­днев­на­та ра­бо­та, во бор­ба­та се­кој ден, од­нос­но и од­но­во да се до­ка­жу­ваш. Има­ат ка­па­ци­тет, има­ат зна­е­ње, има­ат ис­ку­ство, и с` е тоа во ред. Но не­ма­ат жар, го не­ма­ат ела­нот од по­ра­но, не се мак­си­мал­но мо­ти­ви­ра­ни, опуш­те­ни се. Зна­е­те се­кој што не се бо­ри за ус­пех на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја во­ди, со ист елан, енер­ги­ја, мо­тив, жар ка­ко да се бо­ри за сво­ја при­ват­на фир­ма од ко­ја му за­ви­си лич­ни­от оп­ста­нок, зна­чи де­ка го дос­тиг­нал зе­ни­тот и тре­ба да се за­ме­ни со не­кој друг, кој мо­же­би во по­че­то­кот ќе е по­мал­ку ис­ку­сен или ќе има неш­то по­мал­ку зна­е­ње, осо­бе­но она што се до­би­ва од ис­кус­тво­то, од ра­бо­те­ње­то, но ќе има жар, мо­ти­ви­ра­ност, сил­на ам­би­ци­ја, ќе соз­да­ва­ат воз­буд­ли­ва ат­мос­фе­ра во ин­сти­ту­ци­и­те со кои ра­ко­во­дат, ќе ги мо­ти­ви­ра­ат и дру­ги­те во таа ин­сти­ту­ци­ја, ќе ги раз­дви­жат ра­бо­ти­те, ќе вне­сат све­жи­на, чув­ство за се­кој­днев­но се­бе до­ка­жу­ва­ње и нап­ре­док, ин­ди­ви­дуи и тим кои пос­то­јат за да соз­да­дат го­ле­ми неш­та и кој по­бе­ду­ва. На се­кое мик­ро­ни­во на ра­ко­во­де­ње. Вак­ви про­ме­ни ќе има мно­гу, по­мал дел во пр­ва­та, по­го­лем дел во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на. Ова пот­ре­ба во нај­го­лем дел про­из­ле­зе од оде­ње­то на те­рен оваа го­ди­на и раз­го­вор со мно­гу лу­ѓе, ком­па­нии или са­ми­те ра­ко­во­ди­те­ли на раз­лич­ни ни­воа. И мои и на мо­и­те со­ра­бот­ни­ци те­рен­ски по­се­ти. Има и так­ви што тре­ба да се сме­нат по­ра­ди соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки, греш­ки и про­пус­ти во ра­бо­та­та, и во­ед­но да се да­де шан­са и на дру­ги од кои ќе се оче­ку­ва уш­те по­го­лем учи­нок и ус­пех. Ова ќе би­де кон­ти­ну­и­ран про­цес, но го­ди­на­ва ќе има еден по­си­лен бран ос­ве­жу­ва­ња, вели Груевски за Дневник.

Експертите позитивно гледаат на оваа најава на Груевски.

-Ќе дојдат млади кадри, нови кадри, кои во почетокот како што слушнавме ќе имаат можеби проблеми, првите неколку месеци, меѓутоа подоцна ќе имаат многу повеќе енергија и сила за спроведување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и една партија која постојано ја добива довербата од народот мора да прави такви промени, бидејќи многу долг временски период е на власт така што мора да ги испорача резултатите кои ги предвидела во својата програма, вели аналитичарот Александар Даштевски, за ТВ Сител.

Освежувањата во сопствените редови не се ништо ново за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата во своето 10- годишно владеење во повеќе наврати правеше смени на многу раководни позиции во сите ешалони на власта.