Вести

На лагата и се кратки нозете: Алаѓозовски лаже дека позирал гол против споменикот на Прометеј, фотографија е 9 години постара од споменикот

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој деновиве особено е актуелен не по својата работа, туку по својата уметничка црта, денеска повторно ја излажа јавноста, пишува порталот Денешен.мк.

Во изјава за новинари коментирајќи актуелни теми, меѓу другото, за спорната фотографија на која тој комплетно гол седи и позира пред компјутер, Алаѓозовски изјави дека е снимена како протест за поставените гаќи на споменикот на Прометеј во паркот Жена Борец:

„Фотографијата е протест за носење гаќи на Прометеј“ рече Алаѓозовски истовремено информирајќи дека е формирана и работна група која го анализира проектот Скопје 2014.

Дали гневот на министерот затоа што сликичката од неговиот нудистички позерај го обзеде интернетот ќе биде излеан врз спомениците од Скопје 2014 ќе видиме во наредниот период. Граѓаните на социјалните мрежи често го предупредуваат да не помисли да отстрани ниту еден споменик на македонската историја и херои.

Вистината е следна: спорната слика на Алаѓозовски се појавила во печат во списанието Маргина број 62, на страна 124, печатено во 2003 година.

Спомениот на Прометеј во паркот Жена борец е поставен 9 години подоцна, во 2012 година.