четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 51
home Вести

МВР демантира: Немаше никаков инцидент на прославата во Нерези

МВР демантира: Немаше никаков инцидент на прославата во Нерези

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира невистините изнесени во вашиот текст за наводен  инцидент на предноговодишната прослава на припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези, се вели до демантот од МВР, на текстот кој беше превземен од порталот „Инфомакс“ и објавен на Курир и неколку други медиуми.

-На прославата на припадниците на единицата „Алфа“ немаше никаков инцидент и во интерес на објективното информирање на граѓаните ве молиме да го објавите овој демант, се вели до демантот од МВР.