Вести

Младите и Бајрактаров порачаа од Струмица: Време е за промени (ФОТО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите активности во пресрет на локалните избори, на кои очекуваат голема победа. Денеска во присуство на канидатот за градоначалник Марјан Бајрактаров, потпретседателот на УМС Димче Арсовски и претседателот на УМС Струмица Владимир Ристов, голем број млади присуствуваа на состанокот на младинската организација.

 

Градот од каде што доаѓа премиерот на Република Македонија, каде што и тој минативе повеќе од 11 години беше градоначалник порача никогаш повеќе таков премиер, тие се незадоволни од политиките на Заев, пред се од играњето со националните интереси на државата.

Тие порачаа дека на следните локални ВМРО-ДПМНЕ ќе стигне до голема победа, која ќе претставува патека за предвремени парламентарни избори, каде како што тие велат власта на централно ќе ја врати вистинскиот партнер на младите во Република Македонија, најбројната партија во Собранието ВМРО-ДПМНЕ.

Младите исто така кажаа дека сметаат дека е време за вистински промени во Струмица, а според нив успешниот доктор Марјан Бајрактаров е вистинската личност за да ги донесе промените во овој град. Со мислењето на младите се согласи и кандидатот за градоначалник на општината.