Вести

Милошоски: Политиката на СДСМ е како Тројански коњ, нуди едно, а подметнува друго

Политиката на СДСМ е како приказната за тројански коњ, од една страна нудат повисока просечна и минимална плата, а од друга страна подметнуваат бинационална држава и прогласување на македонскиот народ за геноциден, кажа денеска во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

 

antonio-milososki-sobranie

-Политиката која шти ја води СДСМ е како приказната за Тројанскиот коњ. Од една страна нудат просечна плата од 30 000 денари, од друга страна подметнуваат прогласување на македонскиот народ за геноциден. Од една страна нудат минимална плата од 16 000 денари, од друга страна подметнуваат бинационална држава, рече денеска Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски додаде дека исто така СДСМ договориле ослободување на обвинетите од случаите Монструм, Диво Насеље и Сопот за сметка Зоран Заев да не одговара за случајот Поткуп и другите кривични дела за кои се сомничи.