Вести

Милковска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и градот Скопје во минатото воведоа правилници за справување со медицинскиот отпад и набавија посебни возила

Пред се сакам да кажам дека веќе се воведени и реализирани проекти и стратегии за справувањето со отпадот, но од друга страна сакам да напоменам дека се воведени и најсовремени стручни долгорочни и безбедни во однос на здравјето на луѓето стратегии во кои учествуваа голем број на експерти како и тие истите беа усогласени со европските директиви, ова на денешната отворена дебата со Комисијата за животна средина го истакна Снежана Милковска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред се медицинскиот отпад кој е карактеристичен и специфичен иако се наоѓа во мал процент во однос на останатиот отпад тој е особено значаен. Освен што се воведени правилници во однос на ова како што е на пример правилникот за начинот за постапување со медицинскиот отпад како и начинот на пакување и обележување на истиот во кои се точно определени и начините на транспорт и складирање на овој опасен материјал ќе напоменам дека од страната на нашата Влада и од страната на градот Скопје се набавени специјални возила со посебни контејнери и комбиња кои се специјално обележани според прописите и стандардите, потенцираше Милковска.

Таа вели дека за разлика од минатото сега не можеме да најдеме медицински отпад кој е опасен и инфективен бидејќи имаме контејнери за складирање на истиот.

-Постои и правилник за постапување со азбестот и во производи во кои има азбест како и правилникот за минимални барања за безбедност и барања на вработените од ризици поврзани  при изложување на азбест при работа и ќе напоменам  дека Владата во град Скопје во Дризла успеаја да направат специјални парцели во кои има канали долги 25 метра и широки 5 метра и длабоки 3 метра кои за прв пат се направени во Македонија но и на Балканот и истите се обезбедени со гео мрежа, гео мембрани и гео текстил што значи дека овие мембрани не само што не дозволуваат овој отпад да го изолираме туку и да не стигне до воздухот, водата и почвата, вели Милковска.