Вести

Михајловски: Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари

Актерот Тони Михајловски кој беше дел од ГДОМ преку својот Фејсбук статус испрати јасна и моќна порака за денешната политичка состојба.  Вели дека овој пост е наменет за оние со кои три години беа по контра-протести, ГДОМ, ГИ4 и слично.

Неговиот статус КУРИР го пренесува во целост:

„Како оџа баклава ја лапнавте коската на Сорос, СДС и ШР за реформи во ВМРО. И не ви беше чудно што тоа го почнаа Ѓеро, Фрчко, Тричко и сличните му “душогрижници” на ВМРО? Што за тоа најмногу напињаа и се секираа оние што најмногу не мразат и најрадо би не затвориле, прогониле или убиле? Одработевте за нив. И тоа ќе стои вечно на вас. Како жиг на купен роб. Какви и да биле вашите намери, а не верувам дека биле чесни и бесплатни, вие бевте нивниот тројански дрвен, од махагони, ама коњ.
Вие, и тие, велите дека раководството било нечесно, а вие бевте едно со раководството. Дека не работело како треба, а вие бевте тие што работевте со раководството. Со најтесното. Трпевте или трпавте? Кога го дознавте тоа? Кога ви се јавија да ви кажат? Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари. Се друго е добредојдено.
И не е завршен инженерингот. Крајот допрва треба да дојде. На “нив” им треба ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ. По можност без ВМРО. На “нив” најмногу им треба ново раководство кое вие и тие заедно ќе го составите. Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски. И тој се случи. После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него. Не за пари. ЗА МНОГУ ПАРИ.
И, сега ние треба да му свртиме грб? Да се откажеме од него баш како што бараат Ѓеро, Фрчко, Тричко, Шарените? Нема да биде ништо ново нели? Ни во постарата а уште помалку во поновата историја. Во заедничкава ќе биде прв. И на еден друг лидер му се свртеа грб. И се откажаа од него. Тогаш го уништуваа “љубчовизмот” кој ја доведе земјата до пропаст. Сега “груевизмот” е на мета. Уствари го уништуваат вмроизмот ако тоа така се вика.
Ќе се надеваме дека ќе дојде некој кој ќе ја обедини партијата во следните 4 години опозиција, и ќе ја донесе победата? Како што го направи тоа, тој што сега вие и тие најмногу го обвинувате. Или ќе почекаме подолго? Или никогаш нема да дочекаме.
Најпоштено сепак би било, бидејќи тие го дадоа предлогот и ја почнаа “реформата” да ги прашаме кој да ни биде лидер. Ѓеро, Фрчко, Тричко, Бајли да кажат кој им е добар на нив тој да биде, па дури и ти..
Дури им е лош на олошот што го слушате и ве плаќа за ова, мене ми е добар. Зошто? Затоа што во нивните црни тефтери секогаш биле запишувани големи Македонци. Вас ќе ве запишат во белите книги. И заради тоа. За инат на вас пи***ата..
Сигурно ќе доживееме реформи. Ќе мора. Се надевам ќе бидат без вас. И дека нема да сте во раководството. Пак. Или со него. Затоа што вие сте послушници на Ѓеро, Фрчко, Тричко и ШР. Пеете иста песна и трошите исти пари.
Реформи можат направат луѓе кои не се уценети, чесни и искрени луѓе што не ги држат за јајца, да простите. Вие тоа не сте. Да не се лажеме.“, напиша Михајловски.