понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Вести

Мицкоски: Противуставниот закон за јазици има за цел да атакува врз соживотот на граѓаните и донесе немир

Мицкоски: Противуставниот закон за јазици има за цел да атакува врз соживотот на граѓаните и донесе немир

Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со жителите во Конче.

-Апелиравме од Струмица за разум, да имаме чувство бидејќи во оваа држава имаме повеќе етнички заедници да имаме соживот, да се почитуваат комшиите но некој друг има поинаква цел. Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречената програма „За Живот“ во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв, имаме терор. Во Скопје имаме убиства, пљачки, криминал кој секој втор ден остануваат неразјаснети. Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак. Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека на пензионерите им беа ветувани брда и долини кои за жал и тоа што им следи по закон не успеваат да го добијат.

-Имам информација дека се доцни со исплата на судиите. Пред да ја преземат Владата самите во неколку наврати вклучувајќи и го Зоран Заев кажуваа дека се апсолутно свесни за ситуацијата во која што се наоѓа државата. Имаме економија во која имаме раст од 0%, единствена таква е во Европа нема втора таква економија. Економија каде што не можеме да ги исполниме елементарните проекции и покрај тоа што имаме власт која што го имаше целиот буџет на располагање да може да ја истера 2017-тата барем на половина од она што од претходната Влада беше проектирано. До ноември месец не убедуваа дека ќе ја исполнат таа цел, но за жал не успеаа и направија утка од некои 150 милиони евра, а и како што гледаме сега никој сеуште не носи никаква одговорност. Навистина сум разочаран од она што денес е реалност во Република Македонија. Ние мораме самите нешто да направиме. Ако ние самите не направиме нешто не можеме да очекуваме некој друг да си ја земе работата во свои раце и да го направи тоа за нас, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,

За тоа да го направиме мораме да имаме јасен план, јасна стратегија и програма и да се обврземе пред граѓаните во Република Македонија да тоа што ќе го ветиме следи потешкиот дел, а тоа е како тоа да го оствариме, рече Мицкоски.