сабота, 24. февруари 2018. Вести денес: 45
home Вести

Мицкоски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за стратешките интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен видлив напредок во поглед на овие стратешки приоритети, и дека македонската влада треба да се посвети на суштински реформи, кои ќе забележат реален напредок од кој корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија.
Мицкоски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за стратешките интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб заедно со потпретседателот Александар Николоски оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети кои стојат на располагање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека Република Хрватска е долгогодишен пријател на Република Македонија и тие капацитети на взаемно пријателство треба да се искористат дополнително.

Хрватска е членка во Европската Унија и НАТО, цели кон кои се стреми и ВМРО-ДПМНЕ и тука од огромно значење е поддршката од нашите пријатели како Хрватска користејќи го нејзиното искуство и веќе воспоставени врски и канали на комуникации во овие организации кон кој се стрмиме, истакна Мицкоски. Оттука Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за она што е наш стратешки интерес, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен видлив напредок во поглед на овие стратешки приоритети, и дека македонската влада треба да се посвети на суштински реформи, кои ќе забележат реален напредок од кој корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

-Мицкоски го запозна својот соговорник за актуелната состојба во државата, каде има недостиг на дебата во однос на клучните прашања, носење на одлуки без соодветна дебата со опозицијата, и евидентен политички терор насочен кон неистомислениците кој ги загрозува демократските капацитети на државата. Корупцијата и потребата од реформи во судскиот систем остануваат отворени предизвици на кој власта нема одговор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека државата се соочува со сериозни економски предизвици, слабеење на стандардот на граѓаните, и стагнирачка домашна економија. Мицкоски посочи дека потребно е градење на мостови на соработка и ангажирање на пријателите на Македонија помеѓу кој е и Република Хрватска во остварувањето на стратешките интереси, како и зајакната економска соработка, капацитети кои треба да се ползуваат во интерес на меѓусебното пријателство и заедничкиот интерес на двете земји. Соговорниците се осврнаа и на меѓупартиската соработка, и подготвеноста и ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ дополнително да соработуваат за сферите кои се од обостран интерес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

По средбата со словечкиот лидер на СДС, Јанес Јанша, средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ е втора во низа на Мицкоски и Николоски како дел од балканската агенда на интензивни дипломатски разговори. Утре претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се очекува да оствари средба со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.