петок, 21. септември 2018. Вести денес: 134
home Вести

Мицкоски: Мора да се победи ова зло поради кое Македонија тоне

Мицкоски: Мора да се победи ова зло поради кое Македонија тоне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порачува дека неспособноста на актуелната Влада предвидена од СДСМ е мерлива и видлива.

-Таа може да се види во секој сегмент, во земјоделието каде ветуваа 160 милиони евра, а во буџетот за 2018 година предвидоа 24 милиони евра помалку. Ветуваа економски раст од 5 осто, а имаме БДП околу нула, градежништво кое паѓа за 11 отсто, индустриското производство кое се движи некаде под нулата околу 4 проценти,  намалени девизни резерви за 11 отсто и продолжување на задолжувањето кое ќе продолжи нареднава недела со најавени побарувања од домашното стопанство за нови  56.5 милиони евра. Ветуваа и неостварија поврат на ДДВ, просечна плата од 500 евра и плата од 100 илјади денари за докторите. Животот дојде за неколкумина од нив, но не и за граѓаните. И се така до недоглед. Оваа криминално тендерска влада мора, и верувам дека ќе си замине. А за тоа е клучен секој еден граѓанин. Мора да се победи ова зло поради кое Македонја тоне. Се работи за принцпи, за вредности, за критериуми кои мора да бидат постигнати. Победата над актуелната влада ќе биде победа над еден забревтан систем со свои поединечни рецидиви кои влечат корени од транзицијата, а кои сега се дел од власта која одлучува за нашата иднина, рече Мицкоски.

Порача дека тоа ќе биде финална битка за пораз на старите корумпирани политичари и нивно пензионирање.

-На Македонија и е потребна нова генерација на луѓе.Пред конгресот велев можеби ќе успеам, а можеби и не, но дека ќе дадам се од себе. Сега знам и сум сигурен дека ќе успеам, и тоа го должам, должам победа за секој еден граѓанин, за секој татко и мајка кој на своите деца им посакува сигурна иднина, победа за секој млад човек кој сака општество на можности и шанси, победа за зрелите луѓе за достоинствена старост, победа за профецсионалците кои ја сакаат својата професија и бараат мирен живот, победа за Сашо и Крсто, победа за Богдан, Владо, Игор, победа за децата на Жаклина кои со плач ја испраќаа својата мајка до судот, победа за моите колеги од професорската фела, победа за моите студенти, за заедничката европска иднина на сите и за нашата Македонија, заклучи Мицкоски.