понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 45
home Вести

Мицкоски ја прекинува теренската агенда и се враќа во Скопје поради ситуацијата со носењето на неуставниот закон за јазици

Мицкоски денес требаше да оствари посета на комитетите и да се сретне со граѓаните од Босилово, Ново Село, да има средба со стопанственици од Струмица и редица други активности кои се дел од неговата теренска агенда која се одвива со пораката „Македонија заслужува подобро“! Овие активности денес се одложени на неодредено време и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Скопје, поради алармантноста на ситуацијата и најавеното крешење на процедурите од страна на СДСМ, и паралементарното мнозинство.
Мицкоски ја прекинува теренската агенда и се враќа во Скопје поради ситуацијата со носењето на неуставниот закон за јазици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одлучил да ја прекине денешната теренска агенда на посети на населени места и средби со граѓани поради сериозноста околу носењето на неуставниот закон за јазици кое го најавува парламентарното мнозинство на СДСМ за денес во Собранието на Република Македонија.

Според информациите кои струјат во јавноста, планот на СДСМ и Талат Џафери е на сила, преку кршење на Деловникот на Собранието, целосно игнорирајќи ги над 36те илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, да го донесат неуставниот закон.

Мицкоски денес требаше да оствари посета на комитетите и да се сретне со граѓаните од Босилово, Ново Село, да има средба со стопанственици од Струмица и редица други активности кои се дел од неговата теренска агенда која се одвива со пораката „Македонија заслужува подобро“! Овие активности денес се одложени на неодредено време и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Скопје, поради алармантноста на ситуацијата и најавеното крешење на процедурите од страна на СДСМ, и паралементарното мнозинство.

Тој вчера во однос на неуставното носење на законот има за цел да атакува врз соживотот на граѓаните и донесе немир.

Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ апелираше за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.

– Понудивме решение кое се темели на формирање на работни групи, кои ќе бидат составени од сите парламентарни политички партии, ќе биде вклучена експертската јавност, ќе бидат вклучени претставници од МАНУ и кабинетот на претседателот на државата. Темата е чувствителна. Во минатото видовме дека оваа тема предизвика голем број реакции и кај експертската јавност, но и во општата јавност во Република Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој неколку пати повика на разум и избегнување на, како што рече, лоши сценарија и избегнување на опцијата за парламентарен терор на мнозинството врз малцинството.

–Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка, додаде Мицкоски.