вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Драстичниот потег за преименување на аеродромот и автопатот не придонесе за добрососедски односи

Мицкоски: Драстичниот потег за преименување на аеродромот и автопатот не придонесе за добрососедски односи

Промената на името на аеродромот и автопатот не носи добрососедски односи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан дали приеменувањето на аеродромот Александар Велики и автопатот ја приближува Македонија до ЕУ и НАТО.

– Тоа беше како резултат на одлука на претседателот на Владата под изговор дека на тој начин се превенира од иредентизам. Знаете, вие можете да градите добрососедски односи да седнете со некого на чај, на ручек, на кафе пиење итн. Но да правите вака драстични чекори. Ние остануваме на нашата позиција, а се надоврзуваме на судскиот спор кој што заврши во Хаг. Тоа апсолутно не допринесува за добрососедски односи, рече Мицкоски.