Вести

Марш на дождот по патеката на државноста со вистинска љубов кон Македонија (ВИДЕО)

Граѓаните и денес во голем број излегоа на улиците во Скопје и покрај дождот. Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево го предводеше Маршот на дождот по добро познатата патека, патека на државноста.

Граѓаните јасно покажаа дека дождот нема да ги спречи да ја искажат својата љубов кон татковината и да порачаат дека немаат намера да прифатат спроведување на Тиранска платформа во Македонија, која земјата ќе ја однесе кон федерализација. Тие и на дожд цврто стојат зад своите ставови дека Македонија ќе остане унитарна државата, и дека нема да прифатат промена на националните обележја и воведување на двојазичност на целата територија на државата.

-Вака се сака сопствената држава. Ова не е натчовечки напор, напротив ова најчовечки напор. И на дожд, и на студ, и на сонце, а ако треба и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме дома, порача на денешниот протестен марш во Скопје еден од организаторите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

Вели дека борбата нема вредност, борбата е за нашата татковина.

– Затоа што нашата борба нема вредност, нашата борба е за нашата татковина, за земјата во која сме се родиле и во земјата која ќе умреме, вели Илиевски.

За потсетување, денес е 52-от ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од иницијативата за во петок најавуваат дека ќе соопштат многу важни пораки.