петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски призна: Ги раскинавме договорите за привремени вработување кои ги затекнавме, сега примаме нови

Манчевски призна: Ги раскинавме договорите за привремени вработување кои ги затекнавме, сега примаме нови

Во интервјуто за емисијата „Проверено“ на 24 Вести, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, призна дека сите договори за привремено вработување кои биле затекнати се раскинати, а во меѓувреме се распишуваат нови огласи за привремени вработувања.

Дали на овој начин се вработуваат партиски кадри на СДСМ? Вака практично се затскрива полнењето на администрацијата со партиските подобни кадри.

На прашањето на водителката на емисијата дали се прекинуваат договорите за работа, министерот Манчевски одговори потврдно, но воедно потврди дека одново се распишуваат договори за привремени вработувања.

Во моментот кога СДСМ ја превзема власта прво на централно ниво, речиси во истиот момент почна да ги прекинува договорите за привремено вработување и тоа на луѓе кои со години работеле во институциите.

Таквиот тренд продолжи откако ја превземаа и локалната власт. Така секојдневно јавноста беше сведок како се прекинуваат договорите во ЈСП, каде од работа беа отпуштени речиси 250 луѓе, во општина Карпош беа отпуштени 150 луѓе, а ваквиот тренд не прекина и во другите општини.

Исто така најизразено беше во образовните институции каде без работа и без посебно образложение беше прекинуван договорот на луѓе кои работеле со години во училиштата и градинките, па на оваа појава мораше да реагира и синдикатот. Беа отпуштани самохрани мајки и луѓе за кои тоа работно место им е единствениот приход, се со цел да се вработат партиски кадри без ден работно искуство, без оглас и посебни критериуми за работа.