Вести

Македонски народен документ: Избори се за Македонија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ како што најавуваше, денес ги соопшти своите пораки. Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата ги прочитаа барањата од, како што рекоа македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“, чиј текст интегрално ви го пренесуваме во продолжение.

 

Нашето движење остварува победи во континуитет! Со нашите срца и души, со разум и мудрост, со сила и храброст – ја победуваме Тиранската платформа

-го победуваме нивниот план за тиранскиот претседател на Собранието

-ја победуваме планираната тиранска Влада која никогаш нема да се оствари

-го победуваме нивниот план за промена на името, знамето, химната, грбот

-ја победуваме идејата за кантонизација, федерализација и разнебитување на Македонија

-ја победуваме нивната перверзија да не прогласат за геноцидни луѓе

и затоа денес на 21 април 2017 година го претставуваме граѓанското решение за излез од кризата:

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!!!

Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!!

Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме

НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!

ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

И сакаме да порачаме јасно и гласно

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!

Ние сме убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политиката и институционална криза во нашата татковина. И ние сме сигурни дека ќе ја оствариме нашата цел. И ние порачуваме избори ќе има! Избори веднаш!

Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување имаме предвидено прецизни чекори кои

ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела.  Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села.

Бараме и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија!

Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и  надвор од земјата!

Ќе отпочнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната поддршка затоа што имаме благородна цел. Избори! Избори за народен легитимитет на институциите! Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на било кој амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот!

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

Ние сме дел од најмасовните, најголемите и најмоќните протести во историјата на Македонија. Ние не сме тука да ја објаснуваме демократијата – ние сме тука да ја обезбедиме демократијата! А изборите се врвот на демократијата! Ние ќе обезбедиме избори! Народот вели избори! Нема повлекување! Избори во Република Македонија ќе има!

Македонија силна, единствена, заедничка!