Вести

Македонската полиција дел од меѓународна операција на ИНТЕРПОЛ против илегалната трговија со оружје- уапсени 149 лица

Во периодот од 6-8 април 2017 се реализираше меѓународна операција на ИНТЕРПОЛ против илегалната трговија со оружје во која вкупно 149 лица се уапсени и запленети се поголеми количини на оружје, муниција и експлозиви, објави денеска Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.

mitko

-Како Координатор на оперативен центар воспоставен во НЦБ ИНТЕРПОЛ Скопје, македонската полиција имаше значајна улога во оваа операција координирајќи 10 држави во соработка со ИНТЕРПОЛ, напиша Чавков на Фејсбук.

cavkov-555